AГРО-ТИКВЕШ МАК е компанија во подем, со седиште во Скопје, чија основна дејност е производство на полјоделски култури и грозје. Виновите насади и обработливите земјоделски површини се наоѓаат во Тиквешкиот Регион, во Општина Кавадарци. Компанијата има 46-годишна традиција на полето на полјоделството и лозарството. Своите корени ги влече од некогашниот комбинат „Краишта“, од кој подоцна како најуспешни се издвоиле винарската визба „Тиквеш“ и АГРО-ТИКВЕШ.

За регионот

Територијата на Општина Кавадарци се простира на 391 км2. Градот Кавадарци се наоѓа во jугозападниот дел од Повардарјето, на двете страни од реката Луда Мара и претставува центар на Тиквешкиот Регион. Се наоѓа на 230 – 270 м надморска височина. Овој регион е под влијание на континенталната и медитеранската клима, со голем број сончеви денови во годината и оптимална температура, што го прави идеален за лозарство и за одгледување полјоделски култури. Климатските услови и географската положба низ годините се покажале клучни за успешен развој на полјоделството и лозарството, како главни стопански гранки со кои се занимава населението од овој дел на Македонија.