Компанијата е во постојан подем, се развива во согласност со развојот на технологијата користејќи современа механизација и средства за заштита на земјоделските насади. Во производството имплементиран е и системот за наводнување капка по капка, со што се овозможуваат максимални приноси и богат род. Сепак, како важен дел во развојот на земјоделството е и традицијата, што подразбира лозови насади со автохтони сорти грозје и полјоделски култури погодни за ова поднебје. Вкупната површина обработлива земја е 550 хектари, а на 150 се одгледуваат јаткасти плодови. Од нив 100 хектари се засадени со бадеми, 50 со ореви. Голем дел од површините, 100 хектари, се засадени со познати сорти лозови насади меѓу кои „смедеревка“, „вранец“, „кардинал“ и други од кои се прават најдобрите вина во Македонија, па и надвор од неа. Компанијата се занимава и со производство на житни култури, меѓу кои пченица и пченка. Од градинарските култури застапени се доматот, краставицата, кромидот, компирот. На десет хектари има засадено аронија.