Пиперката е едногодишно растение. Потекнува од Јужна Америка, а во Европа ја донеле Шпанците во 15 век. Се користи во исхраната на луѓето, а сѐ почесто и како лек. Се среќава во повеќе бои – од зелена до темноцрвена. Осумдесет и девет проценти од содржината е вода. Најмногу содржи витамин Ц.