Пченката е значајна житна култура од родот пченка (Zea) семејство треви (Poceae). Потекнува од Америка, од каде што се проширила во Европа и низ целиот свет.
Се користи како добиточна храна, храна за луѓето и за индустриска обработка.
Деловите кои не се за јадење се користат во индустријата, стеблото за хартија и ѕидни плочи, лушпата за полнење, кочаните за гориво, за правење на дрвен јаглен и во подготовка на индустриски растворувачи. Пченката најдобро успева во низините и во котлините каде што има доволно влага и топлина