Оревот спаѓа во фамилијата Junglandaceae. Се развива најдобро во области со надморска височина од 700-800 метри , а во шумските насади е застапен и до 1300 метри.Оревот достигнува височина од 15-20 метри и дебелина на стеблото до 150 см. Првите плодови ги формира 2 – 3 година по садењето, полна плодност достигнува по 6-тата година. Од едно дрво може да се добијат во просек 40-80 кг ореви. Оревот живее над 200 години. Успева на потопли места. За време на длабокиот мир дрвјата поднесуваат успешно температури до -28 ° С. Многу добро реагира на наводнување, но е релативно отпорен на суши.
- ЧЕНДЛЕР: 8000 садници
- ФРАНКЕТ: 1000 садници
- ФЕРНЕТ: 1000 садници