Кромид е збор кој се користи за повеќе растенија од родот Allium. Тие во народот се познати како “кромид”, но овој термин најчесто се однесува на видот Allium cepa или градинарски кромид или луковичест кромид и козји лук (шалот) Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Тој се употребува како додаток или зачин во различни рецепти во речиси сите светски култури. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид храна. Во зависност од вариететот, кромидот може да биде со остар или благ вкус.