Компирот е растение од видот скриеносеменици од фамилијата зрновидни (Solanaceae). Се одгледува во сите делови на земјата и се користи за исхрана на луѓето и домашните животни, бидејќи поседува подземно стебло богато со скроб. Потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Видот е доместифициран во јужниот дел на Перу, а во Европа го донеле Шпанците во средината на XVI век.
Компирот е повеќегодишно зелјесто растение. Бојата на цветот варира од бела до розова и виолетова, со силно жолто обоени прашници. Одгледуваните вариетети главно се бесполни. Опрашувањето во повеќето случаи е надворешно (инсекти, ветер), но постојат податоци за самоопрашување/самооплодување.