Доматот е едногодишно растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Потекнува од Америка. Доматот е зеленчук што во исхраната се употребува свеж и конзервиран. Богат е со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества манган, железо и бакар.
Растението е повеќегодишно, но во умерениот климатски појас се одгледува како едногодишно. Со напредните земјоделски техники на производство во контролирани услови во стаклена градина (и пластеници) постојат и повеќе реколти (берби) во текот на една година, односно две до три, на крајот на зимата или раната пролет и во средината и кон крајот на летото. Најпознати видови се: рајско јаболко поради што во повеќе средноевропски земји доматот се нарекува „рајчица“ (хрватски) или „рајчата“ (чешки), ситната сорта на црешовиден домат наречена „шери“ (cherry), јабучар, воловско срце, розов или индустриски домат итн.