Аронијата е повеќегодишна овошна култура која потекнува од Источна Азија (Монголија). Плодовите од аронија во текот на вегетацијата се зелени, а со созревањето добиваат винесто црвена боја за при полна зрелост да станат црни. Тие имаат округла форма во вид на бобица, групирани се во соплодија со по 10 до 20 плода. Во зависност од сортата и технологијата на одгледување плодовите постигаат големина од 6 до 10 мм. Според начинот на формирање на плодовите од аронија спаѓаат во групата на јаболчесто овошје а според изгледот и цврстината може да се групираат во јагодесто или ситно овожје.
Аронијата е култура која не е могу пребирлива на климатските и почвените услови. Таа се адаптира и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35 ° C, а кореновиот систем може да настрада на температура од -11 до -12 ° C